Дома Топ вести Готово: Милан има нов голман, Донарума е слободен агент

Готово: Милан има нов голман, Донарума е слободен агент

Тоа што го најави „Газета дело Спорт“ сега доби и потврда, Милан договори нов голман за следната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за Мајк Мањан, 25- годишен француски голман кој брани во Лил, и кој оваа сезона е избран за најдобар во Лига 1.

Мањан оваа сезона има 43 настапи за Лил и со своите партии на голот го привлече вниманието не само на Милан туку и на други големи клубови. 

Милан ја победи конкуренцијата и постигна 5-годишен договор со голманот, а на Лил ќе му плати 15 милиони евра за неговиот потпис.

Донарума одолговлекува и не сака да стави потпис на нов договор тежок 8 милиони евра по сезона, па Милан мораше да бара нов голман.

Наводно „росонерите“ му дале ултиматум од 15 дена на Донарума и доколку не потпише ќе го официјализираат трансферот на Мањан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…