Дома Фудбал Италија Сезоната за Несторовски и дефинитивно е завршена!

Сезоната за Несторовски и дефинитивно е завршена!

Maкедонскиот репрезентативец Илија Несторовски се повреди на тренингот на Удинезе и сезоната во Серија А за него е веќе завршена.

Нестор го повреди коленото и првичните прегледи покажале дека станува збор за повреда на лигаментите. Она што сега е сигурно е дека ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната, а потоа ќе следат детални прегледи.
Во понеделник тој ќе замине за Рим каде што ќе се знае точно тежината на повредата и дали ќе биде со Македонија на ЕП.

Несторовски не настапи за Македонија против Германија како санкција од селекторот за пцовките во натпреварот со Лихтенштајн, меѓутоа сигурно дека Ангеловски го планира за ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул заинтересиран за голманот на Хал Сити, Тзолакис

Ливерпул се интересира за голманот на Хал Сити, Константинос Тзолакис, кој би можел да чин…