Раководството на Јувентус се обидува да го убеди германскиот стратег Ханси Флик да седне на кормилото на „старата дама“, пренесува „Билд“.
56-годишниот тренер објави дека на крајот на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен, каде влезе во конфликт со дел од раководството.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Се шпекулираше дека Флик е сигурен за нов селектор на националниот тим, но сега „бјанконерите“ се обидуваат да го убедат да го води нивниот проект.
Јувентус не е задоволен од работата на Андреа Пирло и двете страни сигурно ќе се разделат на крајот на сезоната, па верува дека Флик би бил идеално решение.
Јувентус дури и не е сигурен за учество во Лигата на шампоини, а тоа ќе биде услов Флик да ја прифати понудата.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!