Големата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн ќе побара трансфер на крајот на сезоната.
Информацијата ја пласираат англиските медиуми и тврдат дека конечната одлука ќе биде донесена после Европското првенство, но Хари Кејн веќе е разочаран што не освојува трофеи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кејн веќе најави дека размислува за трансфер бидејќи сака да игра во тим кој ќе се бори за трофеи и наводно е спремен да го напушти Тотенхем бидејќи не е задоволен од политиката на клубот.
Меѓутоа, напаѓачот има договор со „спарси“ до 2024 година, па Тотенхем сигурно нема така лесно да го пушти и ќе бара рекордна сума.
Како фаворит за неговиот потпис важат клубовите од Манчестер, кои внимателно ја следат ситуацијата.