Дома Фудбал Италија Конечно и дефинитивно: Донарума стави потпис на нов договор!

Конечно и дефинитивно: Донарума стави потпис на нов договор!

Крај на сагата, Џиџо Донарума и дефинитивно останува во Милан откако и официјално стави потпис на нов четири годишен договор со клубот.

„Милан информира дека го продолжи договорот со Џанлуиџи Донарума до 30. јуни 2021 година“, стои во соопштението на клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според италијанските медиуми, Донарума со новиот договор ќе заработува шест милиони евра по сезона.

Тоа со голема радост беше примено од сите навивачи на „росонерите“, управата како и од тренерот Винченцо Монтела кој во свој стил ја искоментира целата оваа драма со бисерот на италијанскот фудбал.

„Ова беше долга сапунска опера, но најважно беше да дојдеме до финалниот резултат. Џиџио ни е како син, сега ќе му биде потребна поддршка да биде уште пофокусиран и подобар. Срекен сум и мислам дека ова е вистински избор за него. Во последните денови ситуацијата го зема овој правец“, истакна Монтела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кошмарот за Реал продолжува: УЕФА забрани настапи на еден од клучните играчи против Бенфика

Реал Мадрид ќе игра против Бенфика во двомечот од плеј-офот на Лигата на шампионите, но на…