Дома Трансфер зона Милан и Наполи ја сакаат ѕвездата на Тотенхем

Милан и Наполи ја сакаат ѕвездата на Тотенхем

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за играчот на Тотенхем, Ерик Ламела.

Приоритет на „росонерите“ во летниот преоден рок ќе биде засилување за десната крилна позиција бидејќи Кастиљехо најверојатно ќе го напушти клубот.

Ламела е прв на листата желби, па „росонерите“ веќе стапиле во контакт со агентот на фудбалерот.

28-годишниот Аргентинец не добива голема минутажа, па и самиот е спремен да ја промени средината. Тој на лето влегува во последната година од договорот, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација.

Сепак, Милан ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Ламела силен интерес покажува и Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…