Борусија Дортмунд не успеа преку Манчестер Сити да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Англискиот шампион славеше со 2:1 и така се пласираше помеѓу најдобрите четири тима во Европа каде што ги чека двомеч со ПСЖ.
Одлични натпревари против Сити одигра талентираниот Џуд Белингам кој само уште еднаш потврди дека има голем квалитет.
Белингам во реваншот беше стрелец на голот за Борусија, а пофалби после натпреварот доби и и од тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.
„Не можам да верувам. Можеби лаже за годините. Предобар е за еден 17 годишник“, изјави Пеп после натпреварот.
Белингам во Борусија пристигна летото 2020 година од Бирмингем за 25 милиони евра и со неговото доведувае тимот од Дортмунд покажа дека знае што прави. Интерес за неговите услуги тогаш покажаа Баерн и Јунајтед, но тинејџерот ги избра „милионерите“.