Шпекулациите околу иднината на Кристиано Роналдо повторно се главна тема во италијанските медиуми.
После мечот со Џенова Роналдо изрази големо незадоволство и го фрли дресот, па медиумите тврдат дека на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Калчомеркато“ пренесува дека главната причина поради која Роналдо може да остане во Италија е новиот закон кој им дозволува на странците големи даночни олеснувања.
Никаде на друго место Роналдо не може да биде ослободен од 50% од своите приходи, па поради тоа неговиот менаџер инсистира да остане во Јувентус до крајот на договорот.
Поради тоа, доколку Португалецот го напушти Јувентус најверојатно сценарио е негова преселба на „Олд Трафорд“. Роналдо во неколку наврати изјави дека би сакал да се врати во Манчестер Јунајтед.