Францускиот весник „Екип“ пренесува дека Јувентус и Атлетико Мадрид се силно заинтересирани за напаѓачот на Марсеј, Аркадиуш Милик.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Полскиот напаѓач имаше несогласувања во Наполи, па во јануари премина во Марсеј. Испратен е на позајмица со обврска за откуп на неговиот договор за 8 милиони евра.
Меѓутоа, француски „Екип“ тврди дека постои клазула според која Марсеј може да го продаде ако добие понуда од 12 милиони евра.
Атлетико Мадрид и Јувентус сакаат да ја искористат таа опција и за малку пари да доведат квалитетн напаѓач.
Милик во француската Лига 1 до сега одигра осум меча на кои постигна 4 гола, па и самиот е спремен да направи чекор напред во кариерата.