Италијанските гиганти, Интер и Јувентус се силно заинтересирани за левиот бек на Челзи, Емерсон Палмери.
Палмери не добива голема минутажа и Челзи е спремен да го продаде на лето за 20 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Палмери долго време е на радарот на Антонио Конте, но „нероаѕурите“ не се спремни да ги платат бараните 20 милиони евра, па таквата ситуација може ќе ја искористи Јувентус.
Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е фаворит за потписот на левиот бек, и дека веќе има договор со неговиот агент.
Офанзивниот бек не е дел од плановите на актуелниот менаџер на „сините“, Томас Тухел, и затоа ќе му биде дозволено да си замине од „Стемфорд Бриџ“ за време на летниот преоден рок.