Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија напредуваше три позиции после победата над Германија

Македонија напредуваше три позиции после победата над Германија

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за три позиции на најновата ФИФА ранг листа.

После победите над Германија и Лихтенташтајн напредокот беше очекуван, па сега Македонија се наоѓа на 62-то место на ранг листата.

Нашите ривали на Европското првенство, Австрија е на 23 место, Украина е едно место подолу, додека Холандија е на 16 место.

На врвот на ранг листата немаше поголеми промени, Белгија е лидер пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај и Данска која сега е во Топ 10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсими бара прекин на поразите, Демири со Шкендија доаѓа по бодови во Гостивар

Шкендија Арачиново сака да го продолжи позитивниот резултатски ритам, а Арсими бара одгово…