Дома Фудбал Лига на шампиони Манчестер Сити – Борусија Дортмунд: Сити одличен, Дортмунд во очајна форма патува на Етихад

Манчестер Сити – Борусија Дортмунд: Сити одличен, Дортмунд во очајна форма патува на Етихад

Манчестер Сити ја пречекува Борусија Дортмунд на стадионот „Етихад“ на првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Избраниците на Пеп Гвардиола лесно ја совладаа Борусија Менхенгладбах за да се пласираат во осминафиналето, додека Дортмунд тешко ја мина Севиља, но на крајот тие ја преминаа рундата и закажаа пресметка со Сити.

Пеп е опседнат со титулата во Лигата на Шампиони


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гвардиола ги минимизираше шансите на Манчестер Сити да обезбеди квартет трофеи оваа сезона, но лидерите во Премиер лигата се сè поблиску до својата прва круна во сезоната по доминантната победа од 0:2 кај Лестер во саботата.

Сити не можеше да ја валоризира својата доминација во првите 45 минути, но во вториот дел дадоа два гола за лесна победа. На седум меча до крајот на сезоната тие имаат неверојатни 14 бода предност од вториот Манчестер Јунајтед.

Доминацијата на Гвардиола во Премиер лигата е евидентна во последните неколку години, но поранешниот шеф на Барселона и Баерн Минхен се уште ја чека таа неостварлива прва круна во Лигата на шампионите. Тимот од Манчестер три сезони по ред надежите ги завршуваат во ¼ финалето и сега Пеп знае дека не смее да си дозволи уште едно испаѓање во оваа фаза.

Рутинската вкупна победа од 4:0 над Менхенгладбах беше очекувана, а тимот на Гвардиола сега има седум меча во Лигата на шампионите едноподруго без примен гол.

Само Арсенал во сезоната 2005-06 уживаше подолг тек без да им биде нарушена одбраната во ова натпреварување. Сити ужива да игра против германски екипи, бидејќи на 10 од последните 11 средби со германски екипи во Лигата на шампионите славеа победи.

Халанд брка рекорди, но Дортмунд е во слаба форма

Ерлинг Браут Халанд се подготвува да посети еден од неговите многубројни обожаватели оваа недела, бидејќи репрезентативецот на Норвешка ќе игра на теренот и против човекот што може да го замени – Серхио Агуеро.

Халанд веќе го собори рекордот и за најбрзо време постигна 20 гола во Лигата на шампионите, а откако постигна гол на секој од последните шест континентални настапи за Дортмунд, тој може да ги следи стапките на Кристијано Роналдо, Роберт Левандовски, Единсон Кавани и Руд ван Нистелрој ако даде гол на седмиот натпревар по ред.

Тоа ќе биде полесно да се каже отколку да се направи против одличната одбрана на Сити, а Дортмунд влегува во овој меч по загрижувачкиот резултат во Бундеслигата. Тие на домашен терен загубија од Ајнтрахт Франкфурт со 1:2. Освен тоа, Дортмунд има само една победа на последните пет натпревари на кои забележа два порази и две ремија.

Она што повеќе загрижува е нивната дефанзивна линија која прими 10 гола на последните пет дуели. Со ваква форма, на Терзиќ ќе му треба чудо за да остане непоразен во Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…