Дома Трансфер зона Рабио се сели во Премиер лигата

Рабио се сели во Премиер лигата

Играчот од средниот ред на Јувентус, Адријан Рабио, веројатно ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата, тврдат француските медиуми.

Јувентус е спремен да го продаде Рабио, кој не се наметна како лидер во тимот, па „старата дама“ сака да заработи на неговата продажба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите тврдат дека неговата мајка, која му е агент, веќе започнала преговори со Манчестер Јунајтед, кој е прв кандидат за потписот на Французинот.

Солскјер е во потрага по квалитетен играч за врска и смета дека Рабио би бил идеално засилување за неговиот тим.

Јувентус за слободата на плејмејкерот бара 40 милиони евра, сума која Јунајтед е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дали засилувањето на Ливерпул од 85 милиони евра најави заминување со последниот потег?

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез е честа мета на критики во јавноста поради големиот бр…