Фудбалската федерација на Македонија брзо дејствуваше после донесените нови рестриктивни мерки на целата територија на нашата земја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ФФМ извести дека натпреварите од ПФМЛ и ВМФЛ ќе се играат со почеток од 13:00 часот се додека на сила се новите мерки.
“Почитувани,
Ве известуваме дека поради засилување на антиковид-мерките и воведување на полициски час на целата држава од 20:00-05:00 часот, Комисијата за натпревари на ФФМ донесе одлука сите натпревари од Прва, Втора лига Исток и Запад и Куп натпреварите да започнуваат од 13:00 часот, сè додека е на сила полицискиот час. Одлуката стапува на сила веднаш“, стои во соопштението.
Мерките Владата соопшти да важат до 20. април кога ќе се донесе одлука што понатаму.