Во рамките од 31 коло во Премиер лигата Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ го совлада Брајтон со 2:1 и така се зацврсти на второто место на табелата.
Со овие три бода Манчестер Јунајтед дојде до бројката од 60 освоени бодови и се поизвесно е дека без поголеми проблеми ќе се изборат за пласман во Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Губеше Јунајтед од Брајтон, но успеа да го сврти натпреварот и повторно до израз дојде карактерот и силната психа на избраниците на Оле Гунар Солскјер.
Имено, Јунајтед е екипа која освоила дури 25 бода во натпреварите во кои имале резултатско заостанување и по тоа се далеку најуспешен тим во Премиер лигата, но и во најсилните европски лиги.
Кога во прашање е Премиер лигата на второто место на оваа листа е Лестер кој освоил 16 бодови во натпреварите кога имал негатива.