Дома Фудбал Останато Нејмар се договорил со ПСЖ, нов договор за истата плата?

Нејмар се договорил со ПСЖ, нов договор за истата плата?

После вчерашниот пораз на ПСЖ од Лил шпанските медиуми објавија дека Нејмар бил бесен толку многу што донел одлука да го напушти Париз, веднаш Барселона се истакнуваше во прв план.

Сепак, веќе денес од Франција пристигнуваат поинакви информации. Нејмар наводно ќе потпише нов договор со ПСЖ кој ќе има важност до летото 2026 година, а Бразилеџот ќе ја добива истата плата како и со овој договор, 36 милиони евра по сезона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Нејмар и неговиот манџерски тим добро знаат дека ниту еден клуб во Европа денес не ќе може да јa изедначи или зголеми оваа понуда со оглед на економската криза која ги погоди сите поради пандемијата.

Се очекува деталите да бидат завршени многу брзо, а Нејмар би требало да добие и бонус за потпишувањето на договорот од околу 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Без „влакна на јазико“: Марота откри кого го нападнал Лаутаро по шокантниот пораз!

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, не ги криеше своите чувства по поразот од Флуминенсе…