Дома Фудбал Mуамед Сејдини позитивен на Ковид-19

Mуамед Сејдини позитивен на Ковид-19

Oд Фудбалската федерација на Македонија ја известија јавноста дека претседателот Муамед Сејдини е позитивен на Ковид-19.

Сејдини симптоми почувстувал во петокот, а по тестот во саботата вчера добил позитивен резултат. Тој е во карантин и затоа вчера не го следеше натпреварот помеѓу Македонија и Лихтенштајн на арената во Скопје.

Нема да патува ниту за Дуизбург во вторник наутро.
Денес ќе бидат тестирани членовите на стручниот штаб и фудбалерите. Добро е што Сејдини не бил во контакт со никого од нив, па не би требало да има позитивни во нашите редови.

Натпреварот против Германија го играме во среда со почеток од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем го продаде за 10 милиони, а сега повторно го следи – цената е седумпати повисока!

Вил Ланкшир блеска во Мидлсбро, кој според англиските медиуми бара 70 милиони фунти. Тотен…