Дома Трансфер зона Се е завршено: Големата желба на Конте пристигна во Лондон!

Се е завршено: Големата желба на Конте пристигна во Лондон!

Германецот пристигна на медицински прегледи.

„Скај Спорт“ потврди дека Антонио Рудигер пристигнал во Лондон и во текот на денот ќе ги помине лекарските прегледи по што ќе стави потпис на договор со Челзи. Веќе со денови наназад фудбалската јавност очекува официјализирање на овој трансфер и наскоро тоа и ќе се случи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Исто така „Скај“ потврди дека Челзи за германските репрезентативец ќе плати 39 милиони евра со одредени бонуси.

Ова само исполнување на првата желба на Антонио Конте кој беше револтиран поради пасивноста на клубот на трансфер пазарот. Покрај Рудигер, Конте како приоритети ги означи Алекс Сандро, Лукаку и Бакајоко, но сите тројца се далеку од потпис со Челзи.

Лукаку потпиша за Јунајтед, Јуве сака да го задржи Сандро по секоја цена, а во трката за Бакајоко се вклучи и Мурињо.

Ќе видиме дали доаѓањето на Рудигер е само почеток и најава за нови подобри денови за Челзи на фудбалскиот пазар.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…