Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед и Евертон го сакаат капитенот на Милан

Манчестер Јунајтед и Евертон го сакаат капитенот на Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед и Евертон се заинтересирани за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли.

Актуелниот договор на Ромањоли истекува во 2022 година, но еден од клучните приоритети на раководството е да ја продолжи соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ромањоли во последните години се етанлираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, а минатото лето беше именуван за капитен на тимот.

Сепак, доколку двете страни не постигнат договор за продолжување на соработката со лето, Милан ќе мора да го продаде Ромањоли.

Манчестер Јунајтед и Евертон веќе стапиле во контакт со неговиот агент Мино Раиола, а цената на дефанзивецот во моментов изнесува 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…