Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е силно заинтересиран за дефанзивецот на Реал Мадрид, Милитао.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милитао има тешка прва сезона на „Сантиаго Бернабеу“ со оглед дека не може да се избори за голема минутажа покрај неприкосновенииот тандем Варан – Рамос.
23-годишниот дефанзивец беше платен 50 милиони евра и требаше да биде големо засилување, но сега и самиот размисува да ја промени средината бидејќи не добива голема минутажа.
„Специјалниот“ е во потрага по квалитетен дефанзивец и сака да ги искористи добрите односи со Реал Мадрид за да го донесе Милитао.