Дома Топ вести Зидан за враќањето на Роналдо: Да, можно е!

Зидан за враќањето на Роналдо: Да, можно е!

Во последно време се погласно се шпекулира дека Кристиано Роналдо на лето би можел да се врати во Реал Мадрид.

Роналдо беше мета на критики после елиминацијата на Јувентус од Порто во ЛШ, па се засилија шпекулациите за неговото заминување од Торино.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите тврдат дека неговиот манаџер веќе имал средба со претседателот на Реал, а денес Зидан даде јасен одговор на таа тема.

„Да, можно е да се врати. Го знаеме Кристиано, знаеме каков човек е и што стори тука. Сега тој е играч на Јувентус, мора да го почитуваме тоа. Имав среќа да го тренирам, тој е импресивен“, изјави Зидан.

Роналдо помина девет сезони во Реал Мадрид каде стана најдобар стрелец во историјата со 450 постигнати гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…