Дома Фудбал Ништо од 17. март: Дуелот Јувентус – Наполи закажан на нов датум

Ништо од 17. март: Дуелот Јувентус – Наполи закажан на нов датум

Раководството на италијанската Серија А одлучи дополнително да го помести натпреварот помеѓу Јувентус и Наполи кој беше закажан за 17. март.

Наполи се жаелеше на терминот поради густиот распоред, а по елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампионите се слободија и термин со оглед што и Наполи не игра во европските натпреварувања.

Новиот датум за одигрувањето на овој натпревар е 7. април.
Дуелот помеѓу Јувентус и Наполи требаше прво да се игра на 4. октомври, но Наполи не допатува во Торино. Првата одлука беше Јувентус службено да ги добие бодовите, меѓутоа по неколку жалби на Наполи се донесе одлука дуелот да добие нов датум.

Првиот беше 17. март, меѓутоа дојде до нова промена, па сега Јувентус и Наполи ќе ги гледаме на 7. април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…