Дома Топ вести Зидан не ја затвори вратата за враќање на Роналдо

Зидан не ја затвори вратата за враќање на Роналдо

Иднината на Кристиано Роналдо е главна тема во спортските медиуми откако се засилија шпекулациите за негово заминување од Јувентус на крајот на сезоната.

Шпанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека агентот на Роналдо веќе остварил контакт со Реал Мадрид, па Португалецот може да се врати на „Сантиаго Бернабеу“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Свој коментар на оваа тема даде и Зинедин Зидан, кој не ја затвори вратата за Кристиано Роналдо.

„Знаете кој е Кристиано, што направи тој за клубот и колку многу би сакале да го имаме. Тука тој направи историја, тој е фантастичен. Сега е фудбалер на Јуве и не можам да ви кажам ништо за тоа што прашувате. Тој е фудбалер на Јувентус и треба да го почитуваме тоа“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Њукасл не се шегува: Договори напаѓач од 80 милиони евра!

Италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо откри ексклузивна информација дека Штутгарт ја приф…