Maкедонската репрезентација вчера приреди големо изненадување и ја па победи Данска во квалификациите за Европското првенство.
Големата победа на Македонија и поразот на Данска го анализираа и нивните ракометни ескперти, сегашниот тренер и ракометен експерт Бент Ниегард порача дека ретко се случува некој така да ја надигра Данска како ние вчера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Реткост е репрезентацијата на Данска да биде победена и во игра и во енергија, поедноставно кажано целосно да биде надиграна. Токму тоа се случи вчера. Уште на интонирањето химните можеше да се забележи желбата на македонските играчи, тоа беше најавата дека за нив ова ќе биде посебен натпревар. Од самиот старт видовме дека ќе се случи нешто „специјално“. Тоа беше редок натпревар во кој Данска скоро и да не водеше, ниту пак беше во игра за победа, натпревар во кој после 45 минути заостануваше 25:17. Кирил Лазаров и Филип Миркуловски беа извноредни, перфектно ја завршија работата, како и Стоилов и Пешевски од линијата од шест метри“, стои во дел од анализата на Ниегард.
Фото: РФМ