Масимилиано Алегри се подготвува за враќање на клупата следната сезона, но во меѓувреме одбил понуди од неколку европски гиганти.
Ова го објави неговиот ментор и близок пријател, Џовани Галеоне, кој откри дека од 2019 година до денес Алегри ги одбил понудите на Челзи, Арсенал, ПСЖ и Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Причината е едноставна, поради сериозни семејни проблеми, тој мораше да каже НЕ на големите клубови. Тој ги одби Челзи, Арсенал, ПСЖ, па дури и Реал Мадрид“, открива Галеоне.
„Кога го прашав како е можно да го одбиеш Реал, тој ми одговори: Не сум кловн, ако ги одбив останатите големи клубови, не можам да прифатам друга понуда после само 10 дена. Ќе го загубам интегритетот“, раскажува Галеоне.