Дома Фудбал Артета: Можеби не се гледа, но Арсенал е на вистинскиот пат

Артета: Можеби не се гледа, но Арсенал е на вистинскиот пат

Тимот на Арсенал во овој момент се наоѓа на 10. позиција во Премиер лигата и шансите за пласман во топ четири се минимални.

Сепак, стратегот на лондонскиот клуб, Микел Артета верува дека Арсенал е на вистинскиот пат.

„Овој проект сигурно ќе експлодира. Можеби е тешко да се види сега, но ние сме на вистинскиот пат. Креиравме еден квалитетен тим и верувам дека ќе направиме нешто големо во иднина. Мораме да почнеме да победуваме за да ги увериме сите дека вршиме добра работа“, изјави Артета.

Денес Арсенал игра на гостински терен против Олимпијакос, а во недела го чека големото дерби со Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…