Дома Фудбал Жестока реакција од Порто: Се одмаздивме на италијанските лопови и таа свиња Роналдо

Жестока реакција од Порто: Се одмаздивме на италијанските лопови и таа свиња Роналдо

Порто го елиминираше Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Португалскиот гигант благодарение на гол повеќе на гости помина понатаму, а од овој тим упатија жестоки критики кон Кристиано Роналдо.

Фернандо Саул, човекот кој работи како официјален спикер на натпреварите на Порто го навредуваше Роналдо преку социјалните мрежи.

„Им се одмаздивме на италијанските лопови за поразот во Базел 1984 година (финалето на Купот на победниците на куповите). Се одмаздивме на таа свиња Роналдо за се што правеше на „Драгао“. Чекав да ја видам Долорес (мајката на Роналдо) и останатите членови на неговото семејство“, напиша Саул на Инстаграм.

Не е првпат Саул да биде вака жесток. Пред четири години беше суспендиран на еден месец поради коментар во текот на натпреварот против Бенфика. Со оглед на тоа дека зборува кон Роналдо, неговите зборови силно одекнаа па затоа повторно би можел да биде казнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…