Францускиот напаѓач, Антоан Гризман жали за пропуштените шанси на „Паркот на Принцовите“.
Отпатува Барселона во Париз сонувајќи ново чудо против „светците“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалскиот свет уште се сеќава на лудиот реванш пред четири години кога Барса го победи ПСЖ со 6:1 после поразот од 4:0 во првиот натпревар. Сепак, ПСЖ сега не дозволи такво нешто.
Имаше Барселона добри прилики посебно во првото полувреме кога и Меси не реализираше пенал за 1:2.
„Го покажавме вистинското лице и одигравме одличен натпревар. Пропуштивме многу шанси, штета. Имавме неколку чисти прилики, а потоа и пенал. Во второто полувреме беше многу потешко после тие пропуштени прилики. Сега мораме да се фокусираме на Купот на кралот и Примера“, изјави Гризман.
За Гризман сепак ваквиот настап дава самодоверба.
„Ваквиот настап ни дава самодоверба за она што следи, но се чувстувваме ужасно затоа што сакавме да направиме исчекор. Болно е да се испадне од ЛШ волку рано. Нашите навивачи не го заслужија ова, ќе се вратиме следната година со намера да го освоиме трофејот“, порача Французинот.