Ливерпул вчера го победи Лајпциг со 2:0 со головите на Мохамед Салах и Садио Мане.
Првиот натпревар заврши со идентичен резултат па англискиот тим се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Јирген Клоп е задоволен од исходот, но повикува на внимателност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секако дека сакаме да ја освоиме Лигатан а шампионите, затоа и ја играме, но не смееме да се залетуваме. Оваа сезона засега не изгледаме како тим кој може да ја освои. Ќе го почекаме ждребот, но ќе биде тешко кого и да го извлечеме. Добро е што фаќаме континуитет во ЛШ, но имаме проблем во Премиер лигата. Како и да е има доволно натпревари пред нас до крајот на сезоната за да го поправиме впечатокот“.
Бразилецот Фабињо поради повреди најголем дел од сезоната помина играјќи како стопер, но вчера Клоп даде доверба на Озан Кабак и Натаниел Филипс во последната линија, а Фабињо го врати на неговата позиција во средината.
„Цела сезона се надевам дека ќе заигра во средниот ред и дури сега тоа беше можно. Мораме да ги разгледаме опциите во следните натпревари. Него најдобро му одговара позицијата „шестка“, таму е еден од најдобрите во светот“, изјави Клоп.