Дома Фудбал Останато Очајот на Шалке: Петтиот тренер сезонава е анонимус од Грција

Очајот на Шалке: Петтиот тренер сезонава е анонимус од Грција

На Шалке оваа сезона не му оди, тимот игра катастрофална сезона, а колку се очајни доволно зборува податокот дека клубот од Гелзенкирхен го донесе петтиот стратег.

Клубот е на прагот од испаѓање во втората германска лига, до сега во сезоната успеаа да освојат само девет бода. Очигледно ситуацијата е лоша и финансиски кога на клупата седна прилично непознато фудбалско име. Нивни нов тренер ќе биде Димитрос Грамоцис.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тој е 42 годишен тренер без поголемо искуство и успеси, роден е во Германија, а има грчко потекло. Како играч настапувал за Кајзерслаутен, Бохум, Келн и грчките Ерготелис, Омонија и Керкира.

Единствени ангажмани како тренер му се во вториот тим на Бохум и кратко во Дартштад.

Ќе потсетиме од клупата Шалке сезонава го водеа Давид Вагнер, Мануел Баум, Хуб Стевенс и Кристијан Грос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…