Дома Фудбал Италија Верати е заробен во Париз – ако не го пуштат, ќе го убијат!

Верати е заробен во Париз – ако не го пуштат, ќе го убијат!

Салваторе Сиргу за ладните односи на „Паркот на Принцовите“ и начинот на кој ПСЖ ги третира играчите.

Пари има – мир нема. Изгледа дека не е баш така сјајно во ПСЖ, без оглед на тоа што арапските сопственици немилосрдно вложија финансиски средства за од францускиот клуб да направат конкурент за освојување на ЛШ.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тоа најдобро се гледа со гестовите и изјавите на поедицки. На пример, Марко Верати е означен како фудбалер кој би требало да биде лидер на новиот бран, но италијанскиот репрезентативец не останува на „Паркот на принцовите“. Го влече Барселона. Не се само парите во прашање, туку и шансата со Каталонците да го подигне трофејот европски шампион.

Во оваа мисла го бодри својот сонародник, Салваторе Сиргу, одлично упатен во односите меѓу Светците. Можеби и поради тоа навива Марко Верати да се пресели во Барса.

„Може да се каже дека Верати на некој начин е заборавен во ПСЖ. Играчот дава се од себе само ако е мотивиран. Ако Марко сака да го напушти клубот, затоа што не е мотивиран или има причина да си оди, клубот треба да размисли за тоа. Верати е врвен фудбалер. Се надевам дека ќе донесе исправна одлука, онаа што ќе му помогне да се чувствува подобро отколку што сега“, изјави Сиргу во изјава за „L`equipe“.

Верати наводно се има договорено со управата на Барса. Во Каталонија би заработувал 10 милиони евра, што е 2,5 милиони повеќе отколку во Париз. Преостана уште потешкиот дел од работата – Барселона да го убеди Насер Ал-Келаифи да го пушти 24-годишниот играч. А сопственикот на ПСЖ нема да попушти, бар не за помалку од 100 милиони евра.

Играчот е незадоволен и тоа е јавна тајна.

Во односите меѓу претседателот и фудбалерот циклусите се променуваат. Кога нешто ќе освоите тогаш е потребно да ја реконструирате екипата и да почнете од ново. Можеби ПСЖ сака да го задржи Марко од таа причина, поради неговите години и искуство, но морате да бидете сигурни дали играчот го сака истото. Постјат неколку незаменливи фудбалери на планетата. Верати е еден од нив. Фудбалскиот десерт. Ако каже „сакам да си одам, бидејќи овде не можам да го дадам максимунот“, а вие не го продадете, го убивате фудалерот. Во продолжение нема да имате играч каков што сте имале. Тоа е проблемот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сите мислеа дека е пред отказ, а Гатузо сега – доби награда!

Кога Никола Калиниќ го напушти Хајдук, многумина во регионот мислеа дека неговиот избор за…