Дома Фудбал Англија Детенце го изнасмеа Одегард: Не сакам да бидам фудбалер, Рамос ќе ми ја скрши ногата

Детенце го изнасмеа Одегард: Не сакам да бидам фудбалер, Рамос ќе ми ја скрши ногата

Норвежанецот Мартин Одегард сега е во Арсенал, а кога пред неколку години дојде во Реал важеше за чудо од дете.

Со времето тој епитет го изгуби, но во последните сезони се враќаше на добрите патеки. Сезонава се очекуваше да добива повеќе шанса во Реал, а откако тоа не се случи премина на позајмица во Арсенал.
Сега тој учествуваше во една ТВ Емисија каде што одговараше на прашања од фановите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најголемо внимание привлече моментот кога Одегард разговараше со две помали момчиња и ги праша дали кога ќе пораснат сакаат да станат професионални фудбалери.

Одговорот на едно од децата добро го насмеа Одегард.

„Сакам да станам архитект. Фудбалер, никако! Не сакам да бидам фудбалер затоа што ми е страв дека кога ќе се сретнам со Серхио Рамос ќе ми ја скрши ногата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…