Дома Топ вести Реал ја губи битката, Мбапе се сели во…

Реал ја губи битката, Мбапе се сели во…

Не стивнуваат шпекулациите за иднината на еден од најдобрите млади фудбалери на светот, Килијан Мбапе.

Иако беше готово сигурно дека Мбапе ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, со оглед на фактот дека „кралевите“ покажаа најголем интерес за младиот Французин, сепак денес пристигнуваат поинкави вести од Мадрид.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Имено, како што пренесуваат шпанските и француските медиуми Мбапе најверојатно нема да ја продолжи кариерата во мадрдски Реал.

Пари Сент Жермен наводно на Мбапе му нуди годишна плата од 12 милиони евра, сума која Реал неможе да ја понуди во моментов.

Медиумите тврдат дека Зинедин Зидан веднаш му се јавил на 18-годишниот Французин и му ветил стандардно место во стартните 11, па сега е на потег Флорентино Перез кој пак во никој случај не може да му ги понуди истите услови како и ПСЖ.

Поради тоа „кралевите“ бразаат да ја завршат продажбата на Мората и Хамес Родригез, со цел да можат да ја израмнат понудата на ПСЖ кој на Монако му нуди 145 милиони евра со вклучени бонуси за Мбапе.

Сега останува да видиме што ќе одлучи самиот играч, дали ќе ја прифати платата од 12 милиони евра на „светците“ или сепак ќе одлучи да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ каде ќе заработува значително помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид и Барселона ја следат ситуацијата со Халанд

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд сака да го напушти Манчест…