Репрезентацијата на Македонија игра добар натпревар против Италија во првиот натпревар на квалификацискиот турнир за ЕП во Перм.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од самиот старт ние сме рамноправен противник на Италијанците, а во еден момент од полувремето имавме и плус 7. По тие плус седум следуваше пад во нашата игра па Италија дојде на минус два (32:34).
Но, по тој момент одново момците на Александар Тородоров презентираа добра игра и на нешто повеќе од една минути до крајот на полувреме водевме со 35:43. Тука следуваа две тројки на Италијанците со што се вратија на минус 2.
Така на полувреме заминавме со предност од 41:43.
Најефикасен во нашите редови е Ненад Димитријевиќ кој за едно полувреме постигна 19 поени, а подели и уште три асистенции.
Треба да споменеме дека Италија на овој натпревар игра без најдобрите затоа што тие имаат обезбедено пласман на ЕП.