УЕФА денес објави дека јуниорската Лига на шампиони за сезоната 2020/2021 е откажана.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Европската фудбалска федерација прво го одложи почетокот на натпреварувањето поради пандемијата со коронавирусот, потоа беше променет форматот. Поради краткото време се донесе одлука веднаш да се игра нокаут фаза без групната фаза.
Меѓутоа бидејќи ситуацијата со коронавирусот во бројни земји се уште не се смирила и постои опасност од зараза, УЕФА одлучи оваа сезона тоа натпреварување да не се игра.
Младинскиот тим на Шкендија ова натпреварување требаше да го започна на 2 или 3 март против тимот на Габала.