Дома Останати Тенис Ѓоковиќ во фантастичен меч со Зверев се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен

Ѓоковиќ во фантастичен меч со Зверев се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на првиот Грен слем оваа сезона, Австралија Опен.

Одличен натпревар во четвртфиналето одиграа Ѓоковиќ и Александар Зверев, а на крајот славеше српскиот тенисер со резултат 3:1 во сетови (6:7, 6:2, 6.4, 7:6).


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Зверев одлично го отвори мечот. Веднаш го зема сервисот на Ѓоковиќ и предноста ја чуваше се до крајот на првиот кога при резултат 5:4 сервираше за водство во сетови, тука Новак успеа да направи брејк. Сепак, во тај-брејкот Зверев го освои сетот.

Во вториот сет Ѓоковиќ влезе многу подобро и поведе со 4:0 и овој сет беше решен уште тука.

Како што Ѓоковиќ го отвори вториот сет, така Зверев го отвори третиот. Германскиот тенисер направи два брејка и имаше водство од 4:1, изгледаше дека ќе го освои третиот сет. Ѓоковиќ во еден момент тогаш ги изгуби нервите и го скрши рекетот (тој момент можете да го видите тука). Сепак, по тој момент заигра многу подобро и освои пет гема во низа за 6:4 и 2:1 во сетови.

И на стартот од четвртиот сет Зверев направи брејк, водеше со 3:0. Ѓоковиќ повторно се врати и на крајот го доби и тој сет во тај-брејк со 7:6.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал само што ја заврши кариерата настапи на турнир во друг спорт

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал веќе ја заврши кариерата во тенисот, а последнито настап г…