Луис Суарез минатото лето ја напушти Барселона и потпиша двегодишен договор со Атлетико Мадрид.
Суарез како слободен агент пристигна во Атлетико, а во договорот со „јорганџиите“ има неколку интересни клаузули, а една привлекува особено внимание, открива „Марка“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, според клаузулата Суарез може без обештетување да го напушти Атлетико Мадрид на крајот на сезоната.
Меѓутоа, 34-годишниот Уругваец нема намера да ја активира таа клаузула, бидејќи одлично се вклопи во Атлетико и моментално е прв стрелец во Примера.
На Суарез му се допаѓа работата со Диего Симеоне и постигна 16 гола на првите 17 меча во Примера, па тимот е на добар пат за титулата.