Дома Трансфер зона Покетино го контактирал Лорис, го сака во ПСЖ

Покетино го контактирал Лорис, го сака во ПСЖ

Новиот тренер на ПСЖ, Маурисио ПОкетино е во постојан контакт со голманот на Тотенхем, Уго Лорис.

Англиските медиуми пренесуваат дека Покетино сака по секоја цена да го донесе 34-годишниот голман во ПСЖ на лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лорис на лето ќе влезе во последната година од договорот и нема најави за негово продолжување.

Покетино одлично го познава Французинот и сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во ПСЖ.

Лорис сака да игра во клуб кој освојува повеќе трофеи, па е спремен да се врати во Франција. Тоа значи дека Тотенхем на лето може да биде ставен пред „свршен чин“ и да остане без искусниот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…