Новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино сака во Париз да го донесе францускиот репрезентативен голман, Уго Лорис.
Англиските медиуми пренесуваат дека Покетино сака по секоја цена да го донесе 34-годишниот голман во ПСЖ на лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лорис на лето ќе влезе во последната година од договорот и нема најави за негово продолжување.
Покетино одлично го познава Французинот и сака да ја искористи таквата ситуација и бил во постојан контакт со Лорис.
Во Тотенхем се спремни да го пуштат својот капитен Хуго Лорис и на лето ќе се обидат да доведат негова замена.
Прва мета е Дин Хендерсон, резервниот голман на Манчестер Јунајтед.