Дома Македонски спорт Мак фудбал Васоски стартува со пораз: Стојкоски ја „смрзна“ Академија Пандев во снежната Струмица! 🎥

Васоски стартува со пораз: Стојкоски ја „смрзна“ Академија Пандев во снежната Струмица! 🎥

Денес со натпреварот помеѓу Академија Пандев и Работнички стартуваше вториот дел од сезоната во македонската прва лига.

Натпреварот се одигра во снежни услови во новиот тренинг центар на Академија Пандев. Беше очигледно дека снегот прави проблеми на двете екипи, а голот кој го одлучи победникот дојде по грешка на голманот на струмичкиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот Јовановски лошо исфрли, а топката дојде до Стојкоски кој шутираше и ја погоди мрежата.

Васоски така својата авантура во Струмица ја стартува со пораз. Останатите натпревари од ова кола во ПМФЛ се играат утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Сензација на „Скај Спорт“: Тен Хаг на клупата на Баерн?!

Во последниот период се редат тренерите кои го одбиваа Баерн, а во таква ситуација клубот …