Дома Фудбал Aко Дембеле вечерва биде и една секунда на теренот Барса ќе остане без пет милиони евра

Aко Дембеле вечерва биде и една секунда на теренот Барса ќе остане без пет милиони евра

Барселона пред неколку години потроши огромна сума за во своите редови да ги доведе Осман Дембеле и Фелипе Кутињо.

Дембеле во Барселона пристигна летото 2017 година од Борусија Дортмунд како замена за Нејмар. Договорено е неговиот трансфер да изнесува 140 милиони евра вклучувајќи ги и бонусите.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Првите три сезони за Французинот беа за заборав и изгледаше дека Барселона направила големо промашување со овој трансфер. Дембеле имаше големи проблеми спо вредите, но оваа сезона конечно како да го наоѓа вистинскиот пат. Најважно од се е што успеа да врзе десетина натпревари без повреда.

Вечерва Барселона ќе игра против Депортиво Алавес и доколку Дембеле биде на теренот и само една секунда Барселона ќе остане без пет милиони евра. Имено, тоа ќе биде негов 100. настап за Каталонците и така се исполнува условот за исплата на нов бонус кон „милионерите“.

Барселона и Борусија се договорија кога Дембеле ќе одигра 100 натпревари Барселона на сметката на германскиот клуб да уплати пет милиони евра.

До сега Дембеле одигра 99 натпревари, постигна 25 голови и додаде 20 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Братот на Џуд Белингам пред трансфер на кариера

Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, има помлад брат по име Џоб кој игра во Англија и ис…