Изгледа е решена една од поголемите дилеми на фудбалскиот трансфер пазар.
Како што вечерва објавија добро известените „Л’Екип“ и „РМС Спорт“, Дајо Упамекано се договорил со Баерн Минхен каде што ќе премине на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Упамекано ќе му помогне на Лајпциг во борбата оваа сезона ,а на лето ќе си замине од клубот во кој пристигна во 2017 година. Во Лајпциг Упамекано дојде од Салзбург. Добро познато е дека Салзбург и Лајпциг се во сопственост на иста компанија.
Францускиот стопер минатото лето потпиша нов договор во кој има откупна клазула од 42 милиони евра. Баерн ќе ја плати таа сума, па затоа нема да има потреба од преговори со Лајпциг.
На Баерн одличен стопер им е потребен затоа што Давид Алаба ќе го напушти клубот.
Бројни клубови се поврзуваа со Упамекано, но тој на крајот го избрал Баерн. Ова не е ништо ново, на Баерн тешко може да му избега она што е добро во Германија.