Дома Трансфер зона Една клазула му дава предност на Милан за одличниот фудбалер на Аталанта

Една клазула му дава предност на Милан за одличниот фудбалер на Аталанта

Медиумите во Италија пишуваат дека Милан ги следи настапите на Матео Песина кој во последно време игра одлично во дресот на Аталанта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Песина игра одлично и добива голема доверба од Гасперини, освен тоа со добрите настапи за Италија тој си обезбеди и повик од селекторот Роберто Манчи за репрезентацијата на Италија.

И вчера Песина одигра одличен меч, постигна два гола во натпреварот против Наполи во Купот на Италија. Според информациите Милан веќе некое време го следи Песина, а тие имаат и предност во однос на другите клубови.

Имено „росонерите“ го продадоа Песина за нешто помалку од два милиони евра, но во договорот има и клазула со која треба да добијат 50% од следната продажба. Тоа би и одговарало на Аталанта затоа што ако го продадат на Милан нема да треба да даваат 50% од сумата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…