Денес Вардар конечно собра сили со „скрпен“ тим да ги започне подготовките за новата сезона која стартува веќе за викендот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најважно за Вардар во овој момент е што клубот успеа да избегне целосна пропаст. Клубот во подмладен состав ќе го води искусниот стратег Никола Илиевски Џиџи, а ќе му помагаат Бобан Грнчаров, Никола Глигоров и Златко Таневски.
„Почнуваме доцна, но сигурно нема да излеземе со бело знаме. Многу е важно играчите да бидат здрави и да ги имам сите на располагање, од меч во меч ќе ја подигаме формата. Пелистер е прв ривал и ќе биде тешко затоа што и тие се во незавидна позиција со бодовите“.
„Против Вардар сите сакаат да се докажат и даваат се од себе и даваат максимум без оглед на моменталната ситуација. Вардар е Вардар, а јас ако не верував во овие играчи немаше да бидам така. Сите што мислат дека ќе им биде лесно против нас ќе бидат изненадени“, изјави Џиџи.