Дома Фудбал Нема крај за проблемите на Зидан со повредите

Нема крај за проблемите на Зидан со повредите

Нема крај за проблемите на Зидан со повредени играчи и денес се зголеми „болницата“ во Реал Мадрид.

Имено, левиот бек Марсело се здоби со повреда на левиот бутен мускул и ќе биде испратен на детални лекараски прегледи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот доби удар за време на мечот со Гетафе и беше заменет од младиот Виктор Гарсија.

После деталните прегледи ќе се знае колку точно Марсело ќе биде надвор од терените, но сигурно ќе отсуствува 2 до 3 недели.

Надвор од терените поради повреда се уште Еден Азар, Родриго, Серхио Рамос, Валверде, Дани Карвахал, Лукас Васкез, Иско, Милитао и Алваро Одриозола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…