Дома Останати Тенис Американецот Тиафо го намачи Ѓоковиќ, но сепак Новак оди во следното коло

Американецот Тиафо го намачи Ѓоковиќ, но сепак Новак оди во следното коло

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата се пласираше во 3. коло на Австралија Опен.

Ѓоковиќ после повеќе од три ипол часа игра победи против американскиот тенисер Френсес Тиафо со 3:1 (6:3, 6:7, 7:6 и 6:3).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Новак добро влезе во мечот. Направи брејк веднаш на отварањето на мечот. Тиафо успеа да го врати, но повторно Ѓоковиќ беше најдобар кога е најпотребно и првиот сет го доби со 6:3. Вториот сет донесе голема борба. Никој не препушташе гем на свој сервис па победникот се одлучуваше во тај-брејк. Таму подобро се снајде Американецот и изедначи на 1:1.

Ѓоковиќ добро го отвори и третиот сет. Повторно направи брз брејк, но повторно дозволи Тиафо да се врати и одново да има неизвесност. Меѓутоа Ѓоковиќ тука не дозоли повторно изненадување и го доби третиот сет во своја корист со 7:6.

Еден брејк беше доволен во четвртиот сет за Ѓоковиќ да ја заврши приказната и да слави со 3:1 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ со урнебесна објава и во летна облека го честиташе Божиќ (Видео)

Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите светски тенисери е посветен на подготовките за новата на…