Дома Фудбал Сефте на Колашинац во дресот на Арсенал – ѕирнете на тренингот од „Топџиите“

Сефте на Колашинац во дресот на Арсенал – ѕирнете на тренингот од „Топџиите“

Сеад Колашинац го одработи првиот тренинг како дел од тимот на лондонскиот фудбалски гигант Арсенал.

Колашинац, кој ова лето како слободен играч, замина во Арсенал од германски Шалке, се придружи на новите соиграчи на тренингот во Лондон Конли, место северно од главниот град на Велика Британија.

Колашинац со „Топџиите“ потпиша петгодишен договор.

Венгер на првиот тренинг ги имаше на располагање сите играчи освен Алексис Санчез, кој доби неколку слободни дена после настапот на Купот на конфедерациите во Русија.

Се очекува во текот на оваа недела со тренинзи да почне и Лаказет, кој во Арсенал дојде од Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го меркаше, Рома го доби: Зошто пропадна планот за Мален?

Дониел Мален вечерва ќе го предводи нападот на Рома против клубот што го посакуваше во јан…