Дома Македонски спорт Мак баскет Даскаловски седнува на чело од клупата на Карпош Соколи

Даскаловски седнува на чело од клупата на Карпош Соколи

Борче Даскаловски во наредната сезона од клупата ќе го предводи актуелниот освојувач на кошаркарскиот Куп на Македонија, Карпош Соколи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Даскаловски во изминатите две сезони беше асистент во стручниот штаб на овој клуб, а на клупата го наследи Србинот Драган Николиќ, кој замина по завршувањето на сезоната, во која Карпош Соколи го освои Купот и играше во финалето во плејофот во домашното првенство.

Борче Даскаловски во моментов е доцент на катедрата по кошарка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ).

Екипата на Карпош Соколи, во новата сезона го пријави учеството во Лигата на шампионите на ФИБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …