Дома Останати Тенис Добри вести од Мелбурн: Сите 507 лица од хотелот се негативни

Добри вести од Мелбурн: Сите 507 лица од хотелот се негативни

Добри вести пристигнуваат од Австралија Опен пред првиот овосезонски Грен Слем турнир.

Сите 507 тенисери и други лица на Австралија Опен кои престојувале во хотелот каде што се појави човек со позитивен тест се негативни на Ковид-19 и така им е одобрено учество на ттурнирот.

„Сите кои се тестираа се негативни“, изјави директорот на турнирот Крег Тилеј.

Ќе потсетиме, Австралија Опен започнува во понеделник, а на трибините е дозволено да има навивачи со 50% од капацитетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Oбјавена фотографија на Ѓоковиќ од 2003 година, дали би го препознале?

Во текот на последните две децении, Новак Ѓоковиќ безброј пати ги израдува љубителите на т…