Дома Македонски спорт Мак ракомет Проблем за Вардар: Се бара начин како да се вратат од Португалија!

Проблем за Вардар: Се бара начин како да се вратат од Португалија!

Вчера Вардар не одигра лош натпревар, но сепак на крајот изгуби од Порто со 24:27, а денес црвено-црните се соочија со нов проблеми.

Имено, играчите на Вардар останале заглавени во Португалија и не можат да се вратат назад во Скопје преку Франкфурт како што беше планирано. Германија има протоколи за одредени земји за 14 дневен картин и меѓу тие земји била и Португалија и во Вардар за тоа не добиле информација од аеродромот во Софија.

Сега во опција се неколку решенија, но како и да е Вардар сака што побрзо да се врати затоа што го чекаат две нови гостувања против ПСЖ и Фленсбург. И во тие гостувања не се исклучува да има проблеми поради различните протоколи во различни држави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Грција со пораз од девет гола го чека дуелот со Македонија во Халкида

Шведска ја совлада Грција со 33:24 во квалификациите за ЕП 2028. Македонските ракометари в…